Бизнис

ГЕРМАНСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ ОЧАЈНО БАРААТ МЕСАРИ, недостигот од овој кадар расте со години

09.09.2024

Големите синџири на супермаркети во Германија бараат неколку илјади работници кои би работеле на линиите за продавање на месо, сувомеснати производи и сирење. На сајтовите на двата најголеми трговски синџири за малопродажба се огласени  осум илјади слободни работни места.

- Продавниците очајнички бараат месари и продавачи на специјализирани месни производи, изјави Филип Хенеркес, извршниот директор на Сојузното здружение  на германските трговци со прехранбени производи (BVLH), пренесува ДПА.

Недостигот од овој кадар расте со години и претставува проблем  за да се одржи статусот на супермаркети. Повеќето супермаркети се обидуваат да регрутираат приправници за продавање на месо од Германија и од други земји, посебно од Индија, пренесува Б92.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО