Бизнис

2024 - ЗА ГЕРМАНИЈА Е ЕКОНОМСКИ ИЗГУБЕНА ГОДИНА! Институтот од Минхен прогнозира раст на Германија дури во 2026 година

05.09.2024

Германија годинава нема да забележи економски раст, се наведува денеска во есенската прогноза на Институтот за екомонски истражувања ИФО од Минхен.

Институтот во претходната прогноза очекуваше дека Германија на крајот на 2024 година ќе забележи економски раст од 0,4 отсто.

Економистите ги редивираат надолу проценките за очекувањата за економскиот раст на Германија за 2025 година и сега тие се „позиционирани“ на раст од 0,9 отсто, додека во претходната прогноза се предвидуваше раст за 1,5 отсто.

Германската економија, според актуелните проценки на експертите, може да се надева на раст од 1,5 отсто во 2026 година.

Во другите земји се забележува видлив напредок, а германската економија се уште е во застој, изјави Тимо Волмершојзер, раководител на одделението за прогнози во ИФО.

Според неговите зборови, во Германија е присутна структурна и економска криза.

- Не се вложува доволно, посебно во производството, а продуктивноста стагнира со години. Состојбата со нови нарачки е лоша, вели Волмершојзер, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано