Бизнис
ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА ЈА СПАСУВА АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА, Берлин одобри дополнителни даночни олеснувања за купување на електрични возила
05.09.2024
Германската влада одобри дополнителни даночни олеснувања за компаниите кои купуваат електрични возила во вредност од 465 милиони евра во периодот од 2024 и 2028 година, се наведува во документот што вчера го поднесе владата во Берлин.
Според новите прописи, за што треба поддршка и од германскиот парламент, компаниите во првата година ќе можат да ги искористат средствата од државната помош во износ од 40 отсто. Како олеснување се предвидува и корпорациите да можат да ги користат скапите електрични возила и за приватни цели, пренесува „Блумберг“.
Овој потег на германската влада доаѓа неколку дена откако германскиот производител „Фолксваген“ најави можно затворање на некои фабрики во Германија.
Менаџментот на германската компанија се одлучи за програма за големо штедење до 2026 година и сака да ги укине гаранциите за вработување за околу 110 илјади работници, за да може да го покрие финансискиот јаз од пет милијарди евра.
Владата во Берлин минатата година ги укина некои од поволностите за купување на електрични автомобили, пренесе „Еуроњуз“.
фото freepic