Бизнис

ТУРЦИЈА ОСТВАРИ МЕСЕЧЕН РЕКОРД НА СТРАНСКИ ТУРИСТИ, зголемен број на гостите има од Германија, Британија, Полска и Иран

23.08.2024

Турција оствари најголем месечен прилив  на туристички посети  и во јули бројот странски гости достигна 7,3 милиони, што е за 2,6 отсто повеќе од истиот месец лани. Ова е рекорден број на туристички посети на месечно ниво, објави денеска Министерството за култура и туризам на Турција.

Минатиот месец бројот на туристи од Германија порасна за 10 отсто на повеќе од милион гости. Од Велика Британија пристигнале 660 илјади туристи или раст од 15 отсто. Бројот на туристите од Полска изнесува 319.000 (раст од 17 отсто) и од Иран има 312.000 гости (раст за 25 отсто).

Од јануари до јули годинава , бројот нa туристите во Турција е зголемен за 8,3 отсто и изнесува 28,9 милиони, објави „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО