Бизнис

НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА СЕ РАБОТИ 8, 10, 12 ЧАСА НА ДЕН, А ПЛАТАТА Е... сведоштво на сезонски работник на хрватското приморје

23.08.2024

Сезонските работници во Хрватска, кои во најголем број се од другите земји, во просек заработуваат од 900 до 2.500 евра зависно од работното место. Собарките се платени околу 1.000 евра, келнерите од 1.000 до 1.700 евра, за работа во кујна се плаќа меѓу 1.000  и 2.500 евра во зависност од искуството. За работни позиции  на рецепција, анимација и спа центрите платите се движат од  900  до 1.500 евра, пишува Бојана Топаловиќ, од Србија, која работи како професор по англиски јазик во Виетнам, а летото го поминува како сезонски работник на хрватското приморје.

-  Ова се просечните плати, но има и луѓе кои работат и за помалку и за повеќе. Работиш 8, 10, 12 часа на ден, зависи од денот. Еден ден во неделата е слободен и тој ден се обидуваш да го избегнеш местото каде работиш. Не сум воодушевена од работата, но задоволна сум од заработувачката. Храната и сместувањето се обезбедени од работодавачот, а тоа е единствениот начин да заштедите, објаснува Бојана.

Во Хрвтаска работи веќе четири сезони. Годинава работи во местото  Врсар на Истра, и како што вели, тоа и се некои од нејзините најдобри лета.

-  Работата во летната сезона има добри и лоши страни, но остануваат убавите спомени, пишува Бојана, на социјалните мрежи, а нејзиното сведоштва е пренесено на „Индекс.хр“.  


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО