Бизнис

НАЈГОЛЕМАТА СОНЧЕВА ЕЛЕКТРАНА ЌЕ НАПОЈУВА 3.000.000 ДОМОВИ, најголемата енергетска станица е во Австралија

22.08.2024

Австралиската влада направи голем чекор кон тоа да стане предводник на полето на обновливите извори на енергија, со одобрување нов индустриско-сончев проект во областа Северна Територија.

Инталацијата „Австралија - Азија пауер линк“ (Australia - Asia Power Link) што се промовира како „најголемата сончево-енергетска станица во светот“, зафаќа површина од 12.000 хектари и ќе генерира енергија - доволна за напојување три милиони домови. Според австралиската министерка за животна средина, Тања Плиберсек, проектот ќе вклучува сончеви панели, батерии, но и посебен кабел што ќе ги поврзува Австралија и Сингапур со цел извоз на вишокот енергија.

„Овој огромен проект претставува дел од инфраструктурата што ја дефинира оваа генерација. Тоа ќе биде најголемата сончева станица во светот, најавувајќи ја Австралија како светски лидер во зелената енергија“, рече министерката.

Проектот го инсталира компанијата за обновливи извори на енергија, „Санкејбл“ (SunCable), со финансиска помош од милионерот Мајк Кенон-Брукс. Тоа ќе значи директно и индиректно отворање 6.800 до 14.300 работни места - за првите 35 години од работењето. Испораката на електрична енергија се очекува во 2030-тите.

Австралија е еден од најголемите извозници на јаглен и гас во светот, но низата природни катастрофи последниве години, како што се поплавите и пожарите, ја натераа новата Влада да се сврти кон поеколошки извори на енергија. За две години беа почнати 55 проекти за обновлива енергија, коишто засега се доволни за напојување на речиси седум милиони домови.


Извор МИА

фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО