Бизнис
КОИ СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДОБИВАЊЕ ЗЛАТНА ВИЗА ВО УНГАРИЈА, најголем интерес има кај Кинезите, но има и поволности за македонските државјани
22.08.2024
Од почетокот на следната година во Унгарија почнува со програмата „Златна унгарска виза“, која е одобрена од владата на премиерот Виктор Орбан.
Унгарија од 2025 година им дава можност на богатите странски државјани да живеат и работат во оваа земја во замена за големи финансиски вложувања.
Во случај за купување на недвижен имот во Унгарија, инвеститорот ќе добие право на десетгодишен престој во земјата. Со ова добива и унгарски пасош за неограничено движење во шенген просторот. Условот е вредноста на недвижноста да изнесува најмалку пола милион евра.
Втората опција за богатите странци е добивање дозвола за десетгодишен престој и унгарски пасош за вложување од најмалку 250.000 евра во инвестициските фондови за недвижности, кои ги издава Унгарската народна банка.
Третата опција странскиот конкурент за златна виза е да објави јавна донација од најмалку милион евра.
Како што пишува порталот „Индекс.ху“ најголемо интересирање за добивање златна унгарска виза има кај граѓаните од Кина.
- Kинезите и сега се заинтересирани за недвижности во главниот град. Некои недвижности во Будимпешта се прескапи и за странските купувачи, па бараат поевтини опции кон периферијата на градот, вели Оран Бен-Езра, експерт за недвижности во Будимпешта.
Унгарија одлучи од 8 јули 2024 година на државјаните на осум земји: Босна и Херцеговина, Македонија, Белорусија, Молдавија, Црна Гора, Русија, Србија и од Украина, да можат да работат на нејзина територија под поволни услови, пренесува „Блиц“.
фото freepic