Бизнис

РАБОТНИЦИТЕ ВО ХРВАТСКА СО ПОВИСОКИ ПЛАТИ ВО ЈУНИ, во здравството исплатена највисока плата од околу две илјади евра

22.08.2024

Во Хрватска во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правни лица изнесува 1.315 евра.

Тоа е за 11,6 отсто повеќе од јуни минатата година, но и за 0,7 отсто помалку во однос на мај 2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Просечната месечна бруто-плата по вработен во правните лица во Република Хрватска во јуни изнесува 1.819 евра, што реално е за 11,7 отсто повисока од претходната година, но и за 0,7 отсто помала од мај.

Највисока просечна месечна исплатена нето-плата во јуни од 1.981 евро е исплатена во здравствениот сектор, додека најниска од 845 евра има производството на облека.

Просечната нето плата  во Хрватска за јуни 2024 година била 1.106 евра, а просечната бруто плата била 1.498 евра, објави „Индекс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО