Бизнис
ВО ГЕРМАНИЈА ИМА 800.000 СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА, каква е листата на најдобро платени професии
10.08.2024
Германија има речиси 800.000 слободни работни места во различните сектори, а за некои од нив се нудат и добри плати и за германски услови. Ова може да биде и дополнителен фактор за многу амбициозни и млади луѓе од земјите од Западен Балкан да заминат на подобри платени работни места. Според професиите со факултетска диплома најголема побарувачка има за инжињерите и ИТ стручњаците и во овие сектори платите се највисоки во Германија.
Медиумите во регионот ја пренесуваат листата на најдобро платени професии во Германија, што е патоказ за младите интернационални студенти. Листата ги содржи висината на платите на високобразованите кадри со специфични занимања и вештини. Просечната плата за вработените со полно работно време во Германија е 3.830 евра месечно, а просечна плата на професионалците со највисоки плати е меѓу 6.250 евра месечно и 7.083 евра.
Најдобро платени работни места во Германија
Највисока просечна годишна плата во висина од 85.000 евра имаат докторите. Во зависност од нивната специјалност се движат од 47.700 евра до 142.200 евра.
Пилотите кои се обучени за маневрирање и управување со комерцијални или воени летала имаат плата од 27.600 евра до 160.900 евра.
На трето место се адвокатите со просек од 82.900 евра, по нив се програмерите.
На петто место се инвестициските советници,а на германскиот пазар добро се котирале и електро инжинери, кои се важна алка во многу големи индустриски компании, пренесува „Бизлаив“.
фото freepic