Бизнис
СВИНСКОТО МЕСО ПОЕВТИНУВА ВО СРБИЈА, килограм свински бут се продава за 700 динари
09.08.2024
Цените на свинското месо во малопродажбата во Србија се значително пониски во летниот период. Килограм свински бут во месарниците во Нови Сад се продава за околу 700 динари што е помалку за 50 динари, од цената која ја определи Владата на Србија пред две години заради заштита на стандардот на граѓаните.
И цените на другите преработки од свинско месо се пониски во однос на претходниот период. Килограм свински врат може да се купи за 590 динари, свинската плешка и каре за 720 динари. Свежата сланина се продава за 700 динари, а месото за скара е 790 динари за еден килограм месо.
Единствено цената на месото од прасиња е зголемена и таа не се намалува под 750 динари за килограм. Одгледувачите на свињи во Србија велат дека, за разлика од пред неколку месеци, цената на свинското во малопродажбата го следат соодносот на килограм бут и три килограми жива мера на свињата, која сега изнесува 230 динари без ДДВ.
- Во Србија нема доволно прасенца за товење и тие се увезуваат. Наместо да плаќаме по 16.000 до 17.000 динари за увоз на прасенца за товење, сега увезуваме од Данска по цена од 13.500 динари. Сега, можеме да ги одгледуваме поевтино бидејќи цената на пченката, сојата и на пченицата е ниска. Не знаеме како ќе се движат цените на сточната храна, зашто беше голема суша кај посевите со соја и пченка, велат фармерите од Србија, објави „Дневник“.
фото freepic