Бизнис
„ПЕКИНГ НЕ ИГРА СПОРЕД ПРАВИЛАТА“, предупредуваат канадските металурзи кои бараат царини за кинескиот увоз на челик
09.08.2024
Производителите на челик и алуминиум во Канада го повикаа канадскиот премиер Џастин Трудо да воведе под итно нови царини на кинеските производи кои го преплавија домашниот пазар и загрозува бројни работни места. Претседателката и главна извршна директорка на Канадското здружение на производители на челик Кетрин Кобден нагласи дека САД и Мексико веќе работат на зголемување на даноците на кинескиот алуминиум и челик.
- Пекинг не игра според правилата и Владата мора тоа да го знае, а индустријата на челик е најсилен пример, бидејќи го чуствуваме разорните ефекти на кинеските прекумерни капацитети повеќе од една деценија, изјави Кобден, пренесува „Блумберг“.
Овој месец канадската влада ги заврши консултациите за траење на мерките за ограничување на ивозот на кинеските електрични возила за 30 дена, со вклучување на воведување на царини со што ќе се усогласат политиките со САД и со Европската Унија.
Министерката за финансии Кристија Фриленд се сретна со производителите на челик и алуминиум и разговараше за воведувањето на царини за кинеските производи.
Според Статистичкиот завод на Канада, во 2023 увозот на кинеските производи од челик, железо и алуминиум изнесува околу 5,6 милијарди канадски долари (7,1 милијарди долари), објави „Еуроњуз“.
фото freepic