Lifestyle
Париз е најпаметен град во Европа, а најзелен град е...
04.08.2024
Престолнината на Франција е избрана за најпаметен град во земјите од Европа, според најновиот индекс за пресметување на технолошкиот развој на градовите, кој го пресметува компанијата „ПроптечОС“. За пресметување на овој индекс се земаат повеќе фактори: поседување на иновативна зелена технологија, ефикасен јавен превоз, голема можност за вработување и силен фокус на одржување. Во истражувањето се анализирани и пристапноста до интернет, поврзаноста и пристапноста на аеродромите, техничките услови и зеленилото во градовите.
Во 2024 година Париз го презема првото место до Лондон, кој беше прогласен за „најпаметен“ град минатата година со 73,1 бод. Главниот град на Франција доби 91,8 бода од можни 100 за поврзаноста и инфраструктурата, 89,1 бод за пазарот на труд во технологијата, во категоријата за зелената инфраструктура доби 51,4 бода, така што вкупната оцена изнесува 76,4 бода.
Годинава Лондон е на второ место со 73,1 бод. Трет е Амстердам со 72,8 бода, но со највисока оцена за зелена инфраструктура со освоени 75,4 бода. Берлин е четврт со 69 и Мадрид е на петто место со 68,5 бода, пренесе Б92.
Листата на 10 најпаметни градови во Европа:
1. Париз
2. Лондон
3. Амстердам
4. Берлин
5. Мадрид
6. Лисабон
7. Стокхолм
8. Луксембург
9. Даблин
10. Копенхаген
фото freepic