Бизнис

Германските фудбалски фанови пиеле помалку пиво!

02.08.2024

Германските производители на пиво во првото полугодие годинава продале 4,2 милијарди литри пиво, што е за 0,6 отсто помалку во истиот период лани. Продажбата на домашниот пазар е помала за 0,9 отсто и изнесува 3,4 милијарди литри. Ниту европското првенство во фубал кое се одржа во Германија не го спречи падот  на продажбата на пиво, покажуваат податоците на германскиот Завод за статистика. Во статистичките податоци  не се вклучува и продажбата на безалкохолно пиво.

Периодот на одржувањето на Европското првенство во фудбал, од средината на јуни до половината на јули, беше најлош месец за продажбата на пиво во Германија од 1993 година, објави новинската агенција ДПА.

Здружението на германските пиварници сметаат дека за слабата продажба на пивото е „виновно“ времето. Променливите температури и силни ветрови во текот на првенството ги спречија одржувањата на бројни манифестации на отворен простор.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано