Бизнис
Германските компании се повеќе размислуваат за преселба на производството во странство
01.08.2024
Скапите извори на енергија и штетат на Германија како индустриска земја и затоа се повеќе е изразено расположението на преселување на производството во странство, првенствено меѓу индустриските претпријатија, соопштија од Германската индустриска и трговска комора (ДИХК).
Резултатите од анкетата спроведена меѓу 3.300 германските компании покажуваат дека четири од десет индустриски претпријатија размислуваат за намалување на производството во Германија поради високата цена на енергентите или за преселување во странство. Речиси половина од фирмите со над 500 вработени се искажале за ваквата опција.
Директорот на ДИХК Ахим Деркс оценува дека политичарите не успеале да им понудат на компаниите сигурно и пристапно снабдување со енергија.
- Пред 2023 година многу фабрики виделе можност во енергетската транзиција за своето производство. Но, во последно време, од нивно гледање на работите, ризиците се преголеми. Скапите енергенти се повеќе стануваат кочница за производство и за вложување во земјата. Сегашните економско-политички услови за производство очигледно негативно влијаат на конкурентсноста на компаниите од Германија, изјави Деркс.
На овие ризици посебно се изложени индустријата и капацитетите кои се соочуваат со високи трошоци за електрична енергија, како што е производството на опрема. Поради тоа, од ДИХК бараат да се намалат даноците и трошоците за струја и дел од овие трошоци да се покриваат од буџетот, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic