Бизнис

Вработеноста се зголемува, производството се намалува-македонската индустрија во јуни

01.08.2024

Бројот на работниците во индустријата во Македонија во јуни годинава  се зголемил за 1,2 отсто во однос на истиот месец лани,  покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во овој период се зголемил за  5,1 отсто. Во рудниците за вадење јаглен и лигнит  бројот на вработени е зголемен за 12,7 отсто. Во  преработувачка индустрија бројот на работниците за една година се зголемил за  0,9 отсто,  додека во во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за еден отсто.

Во преработувачката индустрија има највисок раст на бројот на вработени од 31,8 отсто, во секторот производство на машини и уреди вработеноста е зголемна за 27,3 отсто  и во компаниите кои произведуваат моторни возила, приколки и полуприколки од 16 отсто.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на периодот јануари – јуни 2023 година е зголемен за 1,7 отсто.

Државниот завод за статистика деновиве објави најнови податоци за намалување на индустриското производство во Македонија  од 6,5 проценти во јуни. Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јуни 2024 година, во однос на периодот јануари - јуни 2023 година, изнесува 94,9, објави Државниот завод за статистика.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано