Бизнис
Mногу празни станови, 4.200 евра за квадрат и пад на продажбата, ова е пазарот за недвижности во Љубљана
01.08.2024
Секој десетти стан во Љубљана е празен, а цената на квадрат станбена површина достигнува 4.200 евра. Минатата година повеќе од 11.000 станови во Љубљана потрошиле помалку од 500 киловатчасови електрична енергија и затоа овие станови се сметаат дека се празни или во нив не живее никој.
Според податоците на „Електро Љубљана“ во главниот град на Словенија има 130.000 станови или мерни места во куќите. Во просек секое домаќинство трошело 2.942 киловати струја.
За период од четири години цените на недвижностите во овој град пораснале за 43,15 отсто. Во последните 12 месеци цените на становите се зголемиле за 8,1 отсто.
Просечната цена во првиот квартал годинава изнесувала 4.214 евра за еден квадрат. Поради високите цени, прометот со недвижности во Словенија е намален за 11,5 отсто. Прометот на недвижности за домување изнесувал 121,8 милиони евра, што е намалување од 29 отсто во однос на претходното тромесечие, пренесува „Бизлаив“.
фото freepic