Бизнис
Тајванска компанија отвора прва фабрика за чипови во Европа
31.07.2024
Тајванскиот гигант во електронската индустрија ТCМЦ, кој е најголем производител на полупроводници во светот, до крајот на годинава ќе почне со изградба на фабрика во Германија, чија вредност изнесува над десет милијарди евра.
Компанијата од Тајван е единствена во светот која изработува најнапредни логички чипови со размер од само шест до три нанометри. Ова е нејзина прва фабрика во Европа, која ќе биде лоцирана во германскиот град Дрезден и ќе произведува чипови за автомобилската и другите индустрии.
Делегацијата на ТCМЦ ќе ја посети Германија на 20 август за да се финализираат договорите за изградбата на фабриката, во која три германски компании ќе учествуваат со десет проценти од сопственоста. Масовното производство на чипови треба да почне кон крајот на 2027 година, пренесе РТС.
фото freepic