Бизнис
КаСис го доби сертификатот PCI DSS Ver. 4.0, потврдувајќи ја посветеноста кон безбедноста на плаќањата
22.07.2024
Сајбер заканите стануваат се пософистицирани и оттука за КаСис е исклучително важно да ги применува најновите технологии и методологии за безбедност.
Единствениот центар за обработка и име од доверба во индустријата за плаќања успешно го помина процесот на сертификацијата за стандардите за безбедност на податоците во индустријата за платежни картички (PCI DSS) Ver. 4.0, која е задолжителна глобално од 31 март 2024 година. Оваа сертификација не само што ја илустрира посветеноста на КаСис кон безбедноста, туку и го зајакнува статусот на компанијата како водечки провајдер на услуги на глобалниот регистар на Visa / Mastercard.
PCI DSS Ver. 4.0 е дизајниран да ги заштити трансакциите со кредитни и дебитни картички од кражба на податоци и измами. Оваа верзија воведува построги мерки како одраз на зголемената софистицираност на сајбер заканите во светски рамки. Барањата поставени од Советот за безбедносни стандарди на PCI (PCI SSC) нагласуваат подобрени методи за валидација и континуирано следење, осигурувајќи дека заштитните мерки и контролите за безбедност остануваат ефективни во секое време.
„Добивањето на сертификацијата PCI DSS Ver. 4.0 е значаен момент за КаСис и уште една потврда дека секогаш ни е приоритет безбедноста на нашите операции на секое ниво," велат од КаСис. „Овој успех е клучен за одржување на довербата на клиентите и покажува дека сме проактивни во примената на најнапредните и најстрогите мерки за безбедност во индустријата."