Бизнис
Дубровник оствари нов рекорд во туристичките ноќевања
20.07.2024
Во објектите за сместување во дубровничкиот регион на 16 јули годинава се остварени два милиона ноќевања на туристи, а оваа бројка е постигната 11 дена порано во однос на 2023 година. Директно влијание за постигнување на овој туристички рекорд има одличната претсезона и стабилната туристичка посетеност во летната сезона, објавија од Градската управа на Дубровник.
- Активностите на Градот Дубровник кои се во соработка со Министерството за туризам на Хрватска се насочени во одржување на стабилна туристичка сезона, посебно и во зимскиот дел од годината, а фокусот е ставен на целогодишниот туризам. Дубровник со бројните иницијативи и донесување на стратешки план продолжува со својот развој и на трајна одржливост на туризмот, информираат од службите на Дубровник.
Во Дубровник моментално претстојуваат околу 23.500 гости, што е за четири отсто помалку во истиот период лани, додека од почетокот на годината е забележан раст од 15 отсто. Најмногу гости има од Велика Британија, САД, Франција и Германија, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic