Бизнис

ЕУ додели грант за чистење на Дунав од потопени германски бродови

18.07.2024

Европската Унија и  Србија потпишаа договор за одобрување на грант од 15,85 милиони евра за вадење на потопените бродови во Дунав, а кои пред повеќе од 80 години биле користени од германската армија за време на Втората светска војна. Оваа финансиска помош е дел од проектот за речниот сообраќаен коридор Рајна-Дунав и ќе биде наменет за вадење на 21 пловило (од нив четири до крајот на годината), со што ќе се овозможи подобра пловност на Дунав, на потегот кај Прахово. Вредноста на целиот проект изнесува 31 милион евра, а другиот дел од средствата ќе бидат обезбедени со поволен кредит од Европската инвестициска банка.

Потпретседателот на ЕИБ за Западен Балкан Роберт Де Грот, по потпишување на договорот изјави дека досега  од банката се обезбедени три милијарди евра за транспортниот сектор во Србија.

Српскиот министер за сообраќај Горан Весиќ потсети дека германската флота на Дунав имала околу 200 брода, а по продорот на Црвената армија, дел од овие пловила биле потопени, а сега претставуваат проблем во одвивањето на речниот сообраќај во делот на Србија, пренесува РТВ.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано