Бизнис

Во Романија странските директни инвестиции поголеми за 36 отсто

18.07.2024

Во Романија во првите пет месеци годинава странските директни инвестиции се зголемиле за 36 отсто, од 2,5 милијарди евра на 3,3 милијарди евра, објави Централната банка на Романија. Приливот на СДИ во целата 2023 година во Романија достигна 6,6 милијарди евра.

Националната служба за трговски регистер на Романија објави дека за пет месеци во 2024 година нето вложувањата во капитал, вклучително и на проценетата нето реинвестирана добивка, изнесува 2,93 милијарди евра. Нето позајмувањата меѓу компаниите изнесувале 412 милиони евра.

Според прелиминарните податоци бројот на нови претпријатија со странски капитал основани во првите пет месеци годинава во Романија е намален на 2.879 односно за 1,2 отсто  во споредба со претходната година, објави „Нова економија“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано