Бизнис

Во јуни рекордно ниска невработеност во Хрватска

16.07.2024

На крајот на јуни годинава во Хрватска се регистрирани 84.841 невработени лица. Ова е за 13.868 лица или 14 отсто помалку од истиот месец лани, а невработеноста во земјата  е најмала од  хрватската независност, покажуваат податоците на Хрватскиот завод за вработување.  

Минатиот месец бројот на вработени во Хрватска е намален за 3,9 отсто во однос на мај. Од  евиденцијата на невработени во јуни се избришани 14.944 лица, што е за 3,8 отсто повеќе од јуни лани.

Во јуни, на почетокот на сезоната, најголем број лица, 18,3 отсто, се вработени во обезбедување сместување и услуги за подготовка и послужување храна. Потоа следат трговијата на мало и големо со 12,7 отсто, јавната администрација и одбраната со 12 отсто, здравствените и социјалните дејности со 9,6 отсто, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО