Бизнис

Српските компании на секој сопствен динар позајмуваат 1,61 динар!

16.07.2024

Претпријатијата во Србија на секој сопствен динар користат 1,61 динар позајмени средства. Вкупните обврски на компаниите во Србија се зголемени за 5,8 отсто и достигнаа 14.368 милијарди динари на крајот на минатата година. Сепак, индексот на вкупната задолженост на српската економија во 2023 година бележи благо намалување од 1,68 на 1,61, пренесе Н1.

-  Фирмите од стопанството во 2023 година ги зголемија финансиските капацитети и остварија благо подобрување на финансиската положба. Ова влијаеше на позитивни промени во делот на задолженоста и ликвидноста, објави Агенцијата за стопански регистри во Годишниот извештај за економските активности во 2023 година.

Минатата година српската економија работеше со добивка и оствари умерен раст. Во 2023 година е остварен нето позитивен резултат од 972 милијарди динари и е зголемување од 12,3 отсто во споредба со претходната година. Над 75 отсто од компаниите (67.831) забележале нето добивка  во износ од 1.297 милијарди динари, шро е за 3,6 отсто повеќе од 2022 година, информираат од АСР. Со нето загуба работеле 29.412 компании, а негативниот финансиски резултат изнесува 325 милијарди динари или намалување од 15,8 отсто.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО