Бизнис
Пад на индустриското производство во Европската Унија
16.07.2024
Индустриското производство во мај годинава во Европската Унија е намалено за 2,5 отсто, а во еврозоната за 2,9 отсто, во однос на мај минатата година. На месечно ниво, во споредба со април годинава, индустриското производство во ЕУ е намалено за 0,8 отсто, а во еврозоната за 0,6 отсто, соопшти Евростат.
На годишно ниво најголем пад е забележан во производството на капитални добра за 6,3 отсто, а единствено е забележан раст во производството на енергија за 1,2 отсто.
Најголем годишен пад на индустриското производство е забележан во Романија (6,9 отсто), во Германија (6,6 отсто) и во Бугарија (6,3 отсто).
Силен раст на индустриското производство имало во Данска за 9,6 отсто, во Ирска за 8,7 отсто и во Грција за 6,8 отсто.
фото freepic