Бизнис

Штетата од невремето во Пристаништето Бар изнесува 35 милиони евра

05.07.2024

По последното невреме кое ја зафати Црна Гора, во Пристаништето Бар направена е материјална штета од 35 милиони евра, покажуваат прелиминарните информации кои беа соопштени од црногорската влада.

По седницата на Владата беше соопштено дека  фирмата која стопанисува со пристаништето во Бар не може да ги покриe штетите, за што е потребна и помош од државата. Без итна финансиска помош, постои можноста сегашните корисници на услугите на ова пристаниште да ги пренасочат своите испораки на стока кон другите пристаништа, што би предизвикало и дополнителна финансиска загуба од 14 милиони евра.

Во силното невреме кое беше во поголемиот дел на Црна Гора на 2 јули загинаа две лица, а најголема материјална штета имаше Пристаништето Бар. Притоа, се урнаа сите три моста за претовар и кулата за товарање на житарките  со капацитет од 300 тони на час. Оштетена е и транспортната лента и друга челична инфратструктура, пренесува Радио Слободна Европа. 


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО