Бизнис

ФАО: Цените на храната во јуни непроменети, расте цената на млечните производи

05.07.2024

Светските цени на храната во јуни стагнирале во однос на мај. Индексот на светските цени на прехранбените производи за јуни изнесуваше 120,06 поени, како што изнесувааше и во мај. Растот на цените на млечните производи, шеќерот и растителните масла го „покри“ падот на цените на житарките, а индексот на цените на месото е непроменет, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство во Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на млечните производи во мај изнесуваше 127,8, што е зголемување за 1,2 отсто во однос на мај. Во јуни е забележал значителен пораст на цените на  путерот, а цената на сирењето е незначително намалена.

Индексот на цените на житарките во јуни во просек изнесуваше 115,2 поени или бележи зголемување од три отсто во мај. Падот на цената на пченицата, пченката и другите житни култури  е поради почетокот на новата жетва на северната хемисфера.  

Индексот на цената на месото е непроменет во однос на мај и изнесува 116,9 поени, пренесува РТВ.  


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО