Бизнис
Бројот на кравите во ЦГ намален за 10.000 грла, а земјоделскиот буџет зголемен за 42 отсто!
04.07.2024
Во последните три години бројот на кравите молзници во Црна Гора е намален за 10.000 грла, а минатата година има намалување и на сточниот фонд на говедата, овците и свињите. Во 2020 година во ЦГ се евидентирани 54.173 крави, а минатата година нивниот број се намали на 45.594, Во истиот период бројот на овците е намален од 176.580 на 155.096 , сточниот фонд на козите е намален за 1.000 и на свињите за околу 1.500 грла, објави Државниот завод за статистика на Црна Гора.
Минатата година било намалено и вкупното производството на млеко (кравјо, овчо и козјо) на 169.371.000 литри. Ова е намалување во однос на 2022 година и од 2020 година, кога вкупното производство на млеко изнесуваше 180.459.000 литри, објави РТЦГ.
Минатата година буџетот за земјоделскиот сектор во Црна Гора изнесувал над 66 милиони евра и тоа беше најголемиот износ во историјата на земјата. Во 2023 година зголемувањето на буџетски средства за земјоделството изнесуваше 42 отсто.
фото freepic