Бизнис
Ниските пензии во Хрватска вратија на работа над 31 илјади пензионери
25.06.2024
Повеќе од 31 илјада пензионери во Хрватска ја користат законската можност да бидат ангажирани на половина работно време. Според последните податоци на Хрватскиот завод за пензиско осигурување, бројот на пензионерите е на рекордно ниво од 1,72 милиони, а во исто време во заводите за вработување има огласени 21.000 слободни работни места.
Годинава има 3.000 пензионери или 15 отсто повеќе кои се вратиле на работните места во однос на 2022 година. На одлуката на пензионерите влијаела потребата за дополнителни приходи поради ниските пензии, а дел од пензионерите тоа го направиле од други мотиви.
Од вкупниот број пензионери кои се ангажирани со половина работни време најмногу се во трговијата и нивниот број изнесува 5.000. На второ место се стручните, научните и техничките дејности, а потоа следат вработените пензионери во преработувачката индустрија, објави „Пословни дневник“.
фото freepic