Бизнис
Во април 91.5 отсто од потрошената струја е од домашно производство
25.06.2024
Во април 2024 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 437 116 МWh електрична енергија, 12.002 мил. нм3 природен гас, 415 631 тони јаглен и 85 745 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика на Македонија.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 91.5 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
фото freepic