Бизнис

Сингапур станува нов светски центар за трговија со злато

12.06.2024

Трговијата со злато се сели кон истокот, а Сингапур станува светски центар за тргување на овој благороден метал. Еден од главните фактори за тоа е што потрошувачката на злато постојано расте  во големите економии во развој, а поголемиот дел од нив  се наоѓаат во Азија, изјави Шаоки Фан, раководител на централните банки во Азиско-пацифичкиот регион, пренесува„Сеебиз“.  

Кина е најголем потрошувач на злато во светот, кинеската централна банка e голем купувач на златни полуги  затоа што настојува да ги зголеми своите државни резерви. Централната банка на Кина е најголемиот купувач на злато во 2023 година.

Јапонија покажува континуирана отпорност на побарувачката на злато. Оваа земја забележа најголема побарувачка за златен накит од 2019 година, покажува извештајот на Светскиот совет за злато. Исто така, и Јужна Кореја во последните две години е меѓу земјите со највисок квартален раст на купување на злато.

-        Во услови на глобална криза, потребата за зголемување на златните резерви претставува грижа за централните банки во земјите. Сингапур може да биде одржлива актернатива на Лондот и Њујорк, изјави Фан.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО