Бизнис

Дигитализација на градежните компании преку мерење на дигиталната зрелост – проект DIG-IN-KPI AAT

ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ - ЗА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ВО НИВНИОТ РАСТ И РАЗВОЈ

Економија и бизнис | печатено издание | 01 јуни 2024г.

Дигитализацијата во градежништвото како клучен сегмент за унапредување на продуктивноста и на ефикасноста на компаниите полека, но сигурно започнува да продира трансформирајќи одредени деловни процеси во овој сектор кој се разликува по својата специфика од останатите сектори. Иницијативите на коморите од Словенија, од Хрватска и од Македонија за поттикнување на дигитализација кај компаниите од секторот градежништво и градежни материјали беа основен поттик за реализација на активностите во рамките на проектот „Дигиталната трансформација се пробива кон бизнисите – развој на клучни индикатори за перформанси за зголемување на продуктивноста на секторот – DIG-IN-KPI“. Во рамките на овој проект, во изминатиов период беа развиени 55 клучни индикатори за успешност кои беа систематизирани во 10 области (дигитална трансформација, проектен дел, список на зафати, финансиска процена, планирање однапред, фактурирање, надгледување на проектните финансии и времето, деловен дел, планови, меѓуоперативност) преку дигитална алатка за автоматска проценка и тие ќе понудат насоки и конкретни решенија за забрзување на дигиталната трансформација во компаниите како двигател за оперативна извонредност.
Алатката е достапна за користење за сите заинтересирани компании од секторот градежништво и градежни материјали давајќи им насока на компаниите за можностите за подобрување на дигитализацијата на проектите и на деловните процеси во компанијата. Со пополнување на прашалникот, секоја од компаниите добива автоматски генериран персонализиран извештај со насоки и со препораки за софтверски алатки и за апликации кои се користат од страна на компании од секторот, а кои се застапени во земјите од регионот, од Словенија до Македонија, опишувајќи ги нивоата на дигитализација што тие ги постигнуваат.
Покрај насоки за компаниите, со пополнувањето на прашалникот се дава основа за анализа на степенот на дигитализација на компаниите од секторот градежништво – колку повеќе компании извршат самопроценка на степенот на дигитализација – толку порепрезентативни податоци ќе се добијат по статистичката обработка, кои ќе бидат презентирани во извештај кој ќе ја покаже просечната стапка на дигитализација по потсектор и по поединечен индикатор на ниво на земја и на ниво на големина на компанија.



Што претставува DIG-IN-KPI AAT?

„Дигиталната алатка DIG-IN-KPI AAT го автоматизира процесот на проценки за степенот на дигитална зрелост на градежните компании и проценка на нивото на дигитална зрелост на компанијата. Извештајот кој го добиваат на крај компаниите вклучува визуелизација и темелна интерпретација на резултатите, како и персонализирани препораки кои ќе им помогнат на компаниите да добијат клучни информации во насока на препознавање на објективната состојба на дигитализацијата и на идентификување области за напредок и за оптимизација на деловните и на производствените процеси“.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано