Статистичките податоци објавени во мај 2024 година покажуваат дека продажбата на електрични автомобили во Германија е намалена за 30,6 отсто во споредба со истиот месец во 2023 година. Големиот пад на продажбата е предизвикан поради укинувањето на субвенциите за купување на електрични автомобили. Германската влада ги укина субвенциите на почетокот на годината.
Од 236.425 нови и регистрирани возила во мај, најголемо учество од 38 отсто имаат автомобилите на бензин, кои имаат раст на продажбата од 2,1 отсто. Учеството на дизел возилата е 19 отсто или имаат раст на продажба од 3,2 отсто, пренесува „Аутоблог.рс“.
Продажбата на хибридните автомобили останува непроменета, додека плаг-ин хибридите забележаа маргинален раст од 1,7 отсто.
Во мај 2024 годинава вкупната продажба на сите возила во Германија е намалена за 4,3 отсто во споредба со истиот месец во 2023 година.