Бизнис

Во ЕУ е намален бројот на претпријатијата во стечај

17.05.2024г.

Бројот на прогласени стечаи во претпријатијата во Европската Унија во првиот крвартал годинава е намален за 0,8 отсто, во споредба со четвртиот квартал лани. Во истиот период, бројот на новорегистрирани претпријатија е зголемен за 1,6 отсто, објави Евростат.

Во наведениот период бројот на стечаи најмногу е намален во трговијата за 3,3 отсто и во градежништвото за 1,2 отсто. Најголемо зголемување на стечајните постапки има во секторот транспорт за 15,2 отсто и во индустријата за 9,1 отсто.

Во набљудуваниот период бројот на нови претпријатија е зголемен во сите економски сектори, пренесува „Бизнис.ба“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО