Бизнис

Угостителите во Србија бараат намалување на ДДВ за храната

15.05.2024г

Здружението на хотелиери и ресторани во Србија ХОРЕС ќе и предложи на новата влада да ја намали стапката на ДДВ на храна во хотелите и рестораните од досегашните 20 на 10 отсто. Со ова Србија ќе им се придружи на групата од повеќе од 20 европски земји кои имаат намалени даночни стапки за угостителските услуги.

- Прашањето за даночниот третман на служењето на храна во угостителските објекти не е ново. Сметаме дека на овој начин ќе дојде до намалување на цените на угостителските услуги во Србија и зголемување на бројот на гостите ,а  со тоа и до отворање на нови работни места, изјави Георги Генов, директор на здружението ХОРЕС, во разговор за „Политика“.

Со намалувањето на ДДВ-то за угостителски објекти ќе се намали и просторот за сивата економија, затоа што со пониска стапка од 10 отсто ќе биде „несиплатлив“ ризик за угостителите, кои би се обиделе да платат понизок данок на остварениот промет.

Европското истражување спроведено во  десет земји покажало дека ваквата политика позитивно влијаела на целокупната економија. Имено, намалувањето на даночното оптоварување во туризмот и угостителството генерира стапка на раст на БДП меѓу 0,2 и 0,6 процентни поени, а исто така и загубите за буџетот од избегнувањето на плаќањето на ДДВ се помали.

Во многу земји има и пониски стапки на ДДВ за угостителството. Со намалувањето на стапката на ДДВ од 13,5 на девет отсто во Ирска се отвориле 56.000 нови работни места . Шведска ја намали стапката од 25 на 12 отсто, а во нардените две години оствари пораст на прометот и на вработените за 10 отсто. Во Франција даночната стапка за туристичкиот сектор изнесува седум отсто, а Германија по намалувањето на стапката на ДДВ за угостителските услуги се отворени работни места и тоа за 20 отсто повеќе во првите пет години. Во Унгарија ДДВ за угостителски услуги е најниска и изнесува пет отсто, објави „Политика“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано