Бизнис

Индустријалците во Австрија бараат продолжување на работното време

Здружението за индустрија на Австрија побара од властите да се отвори разговор за зголемување на работното време. Продолжувањето на работното време по 15 минути на почетокот и на крајот на работниот ден, според мислењето на индустриските претставници, би влијаело на „постигнување на позитивни ефекти за општествениот систем и за просперитетот на земјата“. Исто  така, од Здружението за индустрија бараат работното време да се продолжи без надоместок на платата, односно да биде без зголемување на трошоците за работната сила.

Ресорната министерка Кароли Едстадлер јасно порача дека нема ништо против иницијативата на индустриските компании, со објаснување дека „доколку се сака да се одржи просперитетот, ќе мора и повеќе да се работи“.

Од друга страна, партиите од левицата бараат намалување на работното време и се залагаат за скратување на работното време и за четиридневна работна недела. Од Здружението на индустријата се против скратување на работното време, пренесува „Бизнис.ба“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано