Бизнис
Колкава дивиденда ќе поделат акционерите на „Тетекс“?
19.04.2024г.
Собранието на акционери на „Тетекс“ донесе одлука за распределба на добивката за 2023 година кој по оданочувањето изнесува 94,29 милиони денари. Таа ќе биде распределена за следниве намени: 4,7 милиони денари за закнонски резерви на друштвото, 44,86 милиони денари за дивиденда и 44.7 милиони денари останува како нераспределена добивка.
Со оваа одлука која е доставена до Македонската берза, се одобрува исплата на генералниот директор на друштвото во износ од пет отсто од остварената добивка по издвојувањето на делот за законските резерви.
Акционерите на „Тетекс“ по основ на исплата на дивидента за минатата година ќе добијат 110 денари бруто за една акција. Висината на износот за дивиденда изнесува 3,554 отсто од номиналната вредност на акцијата.