Интервјуа

Трпеска: До нови приходи со даночна стапка од 15 отсто за странските компании

Интервју со членовите на Фискалниот совет

Економија и бизнис | печатено издание | 01 март 2024г.

Марина Трпеска, член на Фискалниот совет на предлог од Државниот завод за ревизија


 

Логично е да се очекува дека Фискалниот совет во градењето на своите оценки ќе биде упатен да прибира и да процесира релевантни информации од разновидни економски субјекти. Во тој контекст, каква соработка очекувате со Стопанската комора на С Македонија и сл.?

М. Трпеска: Фискалниот совет е целосно отворен за мислењата на другите институции и на бизнис-заедницата. Од Стопанската комора ни беше соопштено дека јавните институции имаат голем број на неизмирени финансиски обврски. Фискалниот совет прави анализи и предлага мерки за неисплатените обврски спрема компаниите. Од друга страна, ги следиме и глобалните трендови како што е воведувањето на минимална даночна стапка од 15 отсто за остварените приходи. Над 140 земји веќе пристапија на овој договор, меѓу нив се и земјите кои се препознаени како даночни раеви. Нема македонски компании кои влегуваат во фискална зона за примена на оваа ефективна даночна стапка. Но, има странски компании кои, на консолидирана основа, имаат приходи над таа граница. Со одложувањето да се пристапи на договорот, Македонија дополнително ќе губи фискални приходи. Странските компании кои подлежат на оваа обврска секако ќе ги платат тие пари, но не кај нас, туку во нивната матична земја. Секако, предлагаме и мерки за намалување на неизмирените обрски од државните институции.

Како гледате на феноменот на т.н. „сива економија“ во рамките на македонската економија? Дали како Фискален совет планирате нешто да преземете или да поттикнете во насока на нејзино намалување/сузбивање со цел зголемување на фискалната одржливост на земјава?

М.Трпеска: Стопанската комора излезе со свои документи за спречување на сивата економија. Мерките за сузбивање на сивата економија можеме да ги категоризираме во три дела: едукативни, стимулативни и репресивни. Најмногу може да се постигне со стимулативните мерки. На пример, доколку се плати редовно некој данок да се одобри соодветен поврат на средствата. На овој начин добар дел од фирмите, кои се во сивата зона, ќе гледаат да излезат и да се вратат на формалната економија. Но, факт е дека не можеме целосно да ја искорениме. Дури и развиените земји како САД, Швајцарија или скандинавските земји се соочуваат со оваа појава. Верувам дека постои волја за намалување на сивата економија зашто тоа е од корист за сите. Тоа е процес кој ќе трае и не може да се направи за една или две години.


Интервју со Глигор Бишев, претседател на Фискалниот совет

Интервју со Академик Абдулменаф Беџети, член на Фискалниот совет по предлог на МАНУ

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано