Вести

Потпишан договор за соработка помеѓу Недканн Македонија (Nedcann LLC, North Macedonia) и Суан Сунанда Универзитет, Тајланд Suan Sunandha University, Thailand

15.03.2023г.

Недканн (nedcann) е холандската компанија со седиште во Охрид, Македонија која се занимава со одгледување и култивација на високо квалитетен медицински канабис во внатрешни простории. Недканн содржи R&D просторија за научни истражување од 2500 m2 и 30000 m2 во внатрешни простории за култивација по најсовремени фармацевтски стандарди. Основачот и CEO на компанијата Г-динот Стефан ван Гервен (Stephan van Gerven) има повеќе од 30 години искуство во одгледување исклучително високо-квалитетен медицински канабис и неговата и визијата од Недканн е да го донесе на чекор поблиску до пациентите.

На 15.03.2023 во Бангкок, Тајланд се одржа специјална и ексклузивна церемонија за потпишување на договорот за соработка помеѓу Nedcann LLC North Macedonia и Suan Sunandha Rajabhat University од Тајланд. Учесници беа членовите на Недканн тимот како: CEO Стефан ван Гервен, COO Ненад Ристевски и инженерот Александар Митковски.

Суан Сунанда Универзитетот од Бангкок, Тајланд основан во 1940 има 83 годишна традиција и интернационално котира многу високо. Универзитетот е историски значаен и се води како едукациски и бизнис центар во Тајланд и Југоисточна Азија. Заштитен од Кралството на Тајланд се води воедно и под кралски емблем од Тајланд и под заштита на принцот.

Во обраќањето на COO-то од Nedcann Г-дин Ненад Ристевски истакнува дека: Со ова се потенцира важноста на стабилноста на генетиката во производство на константен квалитет на сув цвет од канабис како финален произвоф и био-маса за понатамошно добивање на Активни фармацевтски состојки. За таа цел од исклучителна важност е во фазите на култивација и следење на GACP директивите за селекција на генетика, стабилизирање на истата, добивање расаден материјал преку култура на ткиво, како и постојана следливост на растенијата. Додека во производствената фаза исклучително важно е следење на EU GMP директивите, како во самиот почетен архитектонски и технички дизајн, така и во процесите на сушење, зреење, пакување и дистрибуција, преку обезбедување на класифицирани простории т.н чисти соби, соодветна процесна и контролна опрема, систем за менаџирање на квалитет, стандардни оперативни процедури, меѓупроцесни контроли, систем за контрола на квалитет, а бидејќи подлежи под закон и регулативи за наркотици и обезбедување на соодветни и комплетни безбедносни системи.”

Целите на оваа соработка се за да допринесат во промовирањето на соработка со едукативни цели, научно-истражувачки цели како и во медицинската технологија поврзани со медицинскиот канабис. Да се произведуваат, инвентираат и создадат ефективни и ефикасни медицински канабис сорти и да се промовира и помогне соработката во фармацевтски и агрономски цели поврзани со медицинскиот канабис; сè со цел помагање на пациентите и на напредок на медицината и фармацевтската индустрија.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано