Вести

ОГЛАС за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија

16.11.2022г.

Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на шест (6) извршители, и тоа:

1.1.Три (3) извршители на определено време во траење од 1 година:

‒ 1 извршител на работното место „помлад супервизор почетен II степен“ во Отсекот за лиценцирање и корективни мерки во Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање;

‒ 1 извршител на работното место „помлад специјалист за управување со човечките ресурси почетен II степен“ во Отсекот за развој во Дирекцијата за управување со човечките ресурси и

‒ 1 извршител на работното место „самостоен супервизор за информативни системи II степен“ во Канцеларијата за супервизија на информативните системи.

1.2.Еден (1) извршител на определено време во траење од 2 години, на работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за надгледување на платните системи во Дирекцијата за платни системи.

1.3.Два (2) извршители на неопределено време:

‒ 1 извршител на работното место „самостоен советник аналитичар“ во Отсекот за оперативни работи во Дирекцијата за платни системи и

‒ 1 извршител на работното место „помлад супервизор I степен“ во Отсекот за супервизија во Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација.

 

Висината на основната (нето) плата:

‒ за работните места: помлад супервизор почетен II степен во Отсекот за лиценцирање и корективни мерки во Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање, помлад специјалист за управување со човечките ресурси почетен II степен во Отсекот за развој во Дирекцијата за управување со човечките ресурси и помлад аналитичар почетен II степен во Отсекот за надгледување на платните системи во Дирекцијата за платни системи изнесува 35.081,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 17.986,00 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 24.819,00 денари;

‒ за работното место самостоен супервизор за информативни системи II степен во Канцеларијата за супервизија на информативните системи изнесува 58.170,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 29.530,00 денари;

‒ за работното место самостоен советник аналитичар во Отсекот за оперативни работи во Дирекцијата за платни системи изнесува 61.275,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 31.077,00 денари;

‒ за работното место помлад супервизор I степен во Отсекот за супервизија во Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација изнесува 44.647,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 22.769,00 денари.

Рокот за доставување на документите изнесува седум работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот  14.11.2022 година

Целиот оглас можете да го погледнете на следниот линк

https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-oglas-za-vrabotuvane-vo-narodnata-banka-na-republika-severna-makedonija-14112022-godina.nspx

 

ПРЕПОРАЧАНО