Вести

Телеком ја стратуваше Смарт Старт – студентска програма за професионален развој

блиц Македонија

Македонски Телеком ги отвора вратите за студентите кои имаат амбиција и желба за личен раст и развој во доменот на дигитална трансформација. Програмата „Смарт старт“ (Smart Start) е предизвик и можност за најдобрите студенти за почеток на професионалниот развој и практично искуство со најнови технологии под лидерство на врвни професионалци од Македонски Телеком. Младите студенти ќе добијат можност да го надополнат своето академско знаење со практично искуство во областа на економија, маркетинг, е-бизнис, аналитика на податоци, управување со производи и други деловни области и проекти, меѓу кои: аугментирана и виртуелна реалност, оптимизација на решенијата за паметен град, Телеком ИТ-лаб и др. Создавањето, но и задржувањето квалитетен кадар со години претставува еден од најголемите проблеми во нашава земја. Македонски Телеком, преку иницијативата „Смарт старт“, ќе им даде шанса на младите луѓе да го започнат својот професионален развој преку практична работа во компанија која е лидер во својата индустрија и каде што растот и развојот на вработените во новото дигитално време имаат приоритетно место.

ПРЕПОРАЧАНО