Мизо: Македонија веќе се соочува со недостиг од кадар, човечкиот капитал стана ограничувачки фактор за раст

Недостатокот на квалификуван технички кадар веќе претставува реален ограничувачки фактор за понатамошниот развој на автомобилскиот сектор и на целата македонска економија, оценува Виктор Мизо, во интервју за „Економија и бизнис“

Тој вели дека инвеститорите денес сè помалку бараат евтина работна сила, а сè повеќе знаење, дисциплина, продуктивност и способност за технолошка адаптација. Според него, без квалитетен технички кадар и модерно стручно образование не може да се очекува сериозен индустриски исчекор.

Мизо предупредува дека трудоинтензивните компании во регионот веќе ги пренасочуваат производствените активности кон земји од Северна Африка, како Мароко, Тунис и Египет. Затоа, според него, Македонија мора да се фокусира на човечкиот капитал, владеењето на правото и институционалната ефикасност доколку сака да остане атрактивна за високотехнолошки инвестиции.

Повеќе од истиот автор

Најчитано