Цените на нафтата денес на крајот на денот паднаа за повеќе од три проценти, при што суровата нафта од Северното Море, Брент, падна под 102 долари за барел, приближувајќи се до најниското ниво за еден месец.
Во исто време, американската сурова нафта WTI падна под 96 долари, на најниското ниво во последните три недели, објави „Трејдинг економикс“.
Со ова се продолжи падот на цените од претходната сесија, кога Брент падна за 7,6 проценти, а WTI за 7,4 проценти, бидејќи загриженоста за можни прекини во снабдувањето со нафта на Блискиот Исток се намали.
Европските берзански индекси денеска беа претежно во пад, додека цената на нафтата Брент утрово се искачи на повеќе од 106 долари за барел по новиот американски напад врз иранска територија, додека пазарите ги проценуваат загубите во американскиот технолошки сектор и нивното влијание врз европските компании, а во исто време чекаат избори за Конгресот во Соединетите Американски Држави што би можеле да влијаат на политиката на Вашингтон кон Техеран и на глобалните трендови на цените на енергијата, пренесе РТВ.
Фото Економија и бизнис








