На Октоберфест, литар пиво ќе чини до 15,90 евра

Посетителите на годинешниот Октоберфест, за литар пиво ќе треба да платат меѓу 14,80 и 15,90 евра. Организаторите ги објавија новите цени на пивото за оваа, 2026 година, појаснувајќи дека Градот Минхен не ги одредува цените (тоа не го прави уште од 1970 година), туку секој угостител самостојно ја става цената за својот шатор. Градот само […]
КАКО ДО ПОБРЗА ИНТЕГРАЦИЈА – РАБОТНА СРЕДБА СО ЕУ АМБАСАДОРОТ РОКАС ВО КОМОРАТА

Во присуство на членките на Управниот Одбор и Бизнис Клубот Европа
АНАЛИЗА: Турција–Саудиска Арабија–Пакистан: Се раѓа „ИСЛАМСКОТО НАТО“

пишува: Ивор Мицковски, aвторот е политиколог
Царинската управа на Република Македонија склучи Меморандум за соработка со Царинската управа на Република Хрватска – Македонската Царина подготвено чекори кон ЕУ

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Царинска управа на Република Хрватска, Марио Демировиќ, потпишаа Меморандум за соработка со којшто двете институции ја зајакнуваат меѓуинституционалната соработка. Со овој чекор испишуваме ново поглавје во економските врски и јасно ја потврдуваме нашата посветеност во евроинтегративните процеси и продлабочување на соработката во области што се од […]
УЈП: Даночната контрола влегува во податочната ера: помалку, но попаметни контроли

Кога луѓето слушаат „даночен инспектор“, најчесто замислуваат службеник со чанта што ненајавено ѕвони на врата на фирма. Таа слика му припаѓа на минатото. Даночниот инспекторат на Управата за јавни приходи денес поминува низ најдлабоката трансформација во својата историја — од администрација која контролира многу, кон администрација која знае каде да погледне. Разликата не е семантичка. Таа се мери во бројки, а бројките веќе зборуваат.
Божиновска во УГД Штип: Науката и институциите мора да работат заедно за силен енергетски и минерален сектор

Каталог на минерални суровини, нови истражувачки капацитети, критични минерали и македонскиот рубин меѓу приоритетите на соработката.
Над 500 семејства добија ваучери за инвертер клими – објавени списоците, еве како да се искористи поддршката

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги објавува списоците на добитници на финансиска поддршка за набавка и вградување на инвертер клима уреди, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година. За двете опфатени категории се доделени над 500 потврди-ваучери, со кои на домаќинствата што ги исполнуваат условите им […]
Халкбанк обезбеди 20 компјутери за гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје

Халкбанк АД Скопје донираше 20 компјутери на СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Скопје, со што придонесе за обновување на компјутерската опрема и подобрување на условите за настава во училиштето. Опремата пристигнува непосредно пред почетокот на новата учебна година, кога учениците повторно ќе се вратат во училишните клупи и ќе им биде ставена на располагање […]
Осло ги забрани паметните очила во сите училишта: Не дозволуваме децата да бидат статисти за „Мета“

Градските власти на Осло ги забранија паметните очила во училиштата во норвешката престолнина, оценувајќи дека не сакаат децата да станат „статисти во собирањето податоци на Мета“, соопшти денеска градската управа. Забраната се однесува на целиот училишен ден и важи за сите нивоа на образование. – Ние, политичките претставници, мора да имаме храброст да бидеме искрени […]
Поднесена намера за започнување на процес за преземање на Уни Банка АД Скопје од страна на Штаермеркише Шпаркасе Групација

Денес, 10.09.2026 година, од страна на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата беше официјално поднесенo Известување за намера за преземање на сите запишани обични акции издадени од Уни Банка АД Скопје. Објавувањето на намерата за преземање претставува прв, иницијален чекор во процесот. Самата реализација на трансакцијата и понудата за преземање во претстојниот период подлежат на законски и регулаторни […]