Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Новиот клинички центар е планиран да биде на платото пред или зад базенот „Борис Трајковски“. Тоа се двете можниости за кои размислуваме и преговараме. Многу бргу ќе имаме конечно решение, а како сето тоа ќе биде интегрирано, допрва ќе носиме одлука – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. И во врска со ГОБ „8 Септмеври“, нагласи, […]

НЛБ Групацијата влегува во сопственичката структура на Дежелна Банка Словенија д.д

НЛБ Групацијата влегува во сопственичката структура на Дежелна Банка Словенија д.д

НЛБ Групацијата склучи договор за купување акции со Скупина ПРВА д.д. и нејзините поврзани страни, за стекнување на 25.66% од акциите на Дежелна Банка Словенија д.д (ДБС), извести вчера НЛБ. Завршувањето на трансакцијата се очекува по добивањето на сите потребни регулаторни одобренија, најверојатно во втората половина од следната година. Покрај тоа, Групацијата ја разгледува и можноста за стекнување дополнителни акции во ДБС.

Европа ги обезбедува критичните суровини за иднината, Македонија ризикува да остане без инвестиции во сопствените ресурси

Бакарот станува глобална стратешка инвестиција – Македонија располага со ресурс, но не го користи

Од индустријата и енергетиката, до одбраната и вештачката интелигенција – европската економија станува сè позависна од сигурното снабдување со критични минерали. Токму затоа Европската Унија забрзано отвора нови можности за инвестиции во рударството и склучува партнерства со земји кои располагаат со значајни минерални ресурси. Брисел веќе поддржува и конкретни рударски проекти. При посетата на Гренланд, […]

Фискалната стабилност, даночната предвидливост и регионалната соработка- клучни за одржлив економски раст на Западен Балкан

Фискалната консолидација и економскиот раст се меѓусебно поврзани, а стабилното и предвидливо даночно и регулаторно опкружување е од суштинско значење за инвестициите, конкурентноста и долгорочниот економски развој. Ова се дел од клучните пораки на регионалната конференција Охрид 2026, посветени на фискалната политика, економскиот раст, даночната усогласеност, даночниот јаз и борбата против сивата економија. Сегашни и поранешни […]

КАКО ЕЛЕКТРОНСКАТА ФАКТУРА ЌЕ ГО ПРОМЕНИ РАБОТЕЊЕТО НА КОМПАНИИТЕ?

КАКО ЕЛЕКТРОНСКАТА ФАКТУРА ЌЕ ГО ПРОМЕНИ РАБОТЕЊЕТО НА КОМПАНИИТЕ?

Електронската фактура повеќе не е прашање на дигитализација, туку прашање на нов начин на водење бизнис. Она што досега претставуваше хартиен документ, кој се печатеше, потпишуваше, архивираше и физички се доставуваше, во блиска иднина ќе стане целосно дигитален процес што ќе ги поврзе компаниите и институциите во единствен систем. Што ќе се промени во секојдневното […]

Мицкоски: Ќе имаме стабилна зима, со стабилно снабдување на енергенси, без осцилации во цената или количината

 Сакам да ги уверам граѓаните дека ќе имаме стабилна зима, со стабилно снабдување на енергенси, без осцилации во цената или количината, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија, Мицкоски напомена дека Владата работи на тоа, од јануари цената на струјата да биде […]

Поддршка од ЕУ за Царинската управа за борба против организиран криминал и недозволена трговија

Царинската управа ќе добие поддршка од Европската Унија во вредност од 4 милиони евра. Возилата финансирани од ЕУ (21 за мобилната единица и 5 за единицата К-9) и форензичката опрема ќе ги зајакнат капацитетите на царината за борба против организираниот криминал што влијае на трговијата и синџирите на снабдување. Со зголемувањето на трговијата, се зголемува […]

Димитриеска-Кочоска: Се движиме по добра траекторија – инвестициите се склучни за економскиот развој

 Инвестицискиот циклус што го имаме во изминатиот период треба да го зачуваме. Во 10 последователни квартали во континуитет имаме  стапка на раст од околу и над три проценти, а во последниот квартал стапка на раст од 4,3 отсто. Тоа покажува дека се движиме по една добра траекторија, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на панел […]