Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги објавува списоците на добитници на финансиска поддршка за набавка и вградување на инвертер клима уреди, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година.
За двете опфатени категории се доделени над 500 потврди-ваучери, со кои на домаќинствата што ги исполнуваат условите им се овозможува поддршка за набавка и монтажа на инвертер клима уред.
Поддршката е наменета за:
- домаќинства со едно или повеќе лица корисници на надоместок заради попреченост, согласно член 44 од Законот за социјалната заштита;
- домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток до 26 години.
На следните ЛИНКОВИ се Објавени списоците на добитници:
Добитници на финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година, согласно програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година, преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување на инвертер клима уред
Добитниците имаат уште еден важен чекор – да го реализираат ваучерот до 15 октомври
Министерството ги повикува сите добитници навремено да го реализираат стекнатото право. Постапката е едноставна и се одвива во неколку чекори:
Чекор 1: Проверете ја вашата е-пошта
Доколку сте на објавената листа на добитници, проверете ја е-mail адресата што е наведена во вашиот кориснички профил. На истата ќе ги добиете следните документи:
· Решение за стекнато право на потврда-ваучер;
· Записник/прашалник кој треба да се пополни по извршената монтажа на инвертер клима уредот;
· Баркод или QR-код за идентификација на потврда-ваучерот.
Чекор 2: Испечатете ги документите
По приемот на документите на вашата е-пошта, задолжително испечатете ги:
· Решението за стекнато право;
· Записникот/прашалникот.
Исто така, потребно е да го имате достапен баркодот или QR-кодот што ќе ви биде доставен во електронската порака.
Чекор 3: Изберете правно лице
Со испечатените документи и баркодот/QR-кодот посетете едно од избраните правни лица кои имаат склучено договор со МЕРМС за реализација на мерката.
Список на правни лица со кои МЕРМС склуило договор за реализација на мерката: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/rezultati-i-spisoci-file-VBTe.pdf
Чекор 4: Извршување на набавка и монтажа
Избраното правно лице ќе ја спроведе постапката за набавка и монтажа на инвертер клима уредот согласно условите од Програмата.
Чекор 5: Пополнување на записникот/прашалникот
По завршување на монтажата, потребно е да се пополни доставениот записник/прашалник согласно дадените насоки.
Важно
Краен рок за искористување на потврда-ваучерите е 15 октомври 2026 година.
По истекот на овој рок, ваучерите нема да можат да се користат.
Во случај на недоставен или погрешно доставен документ, како и за други прашања поврзани со реализацијата на ваучерот, добитниците можат да се обратат во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини:
Е-пошта: ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk
Телефон: 071 320 384
Министерството ги повикува добитниците да не го оставаат искористувањето на ваучерот за последен момент, туку навремено да ја започнат постапката за набавка и монтажа на инвертер клима уредот.








