Економија

Инфлацијата во Македонија: од увезен шок до домашен проблем

Инфлацијата во Македонија во периодот 2022–2024 достигна највисоки нивоа во последните 30 години, со раст од 14,2% и 9,4%. Во својата анализа, во Економија и бизнис, економистот Зоран Јовановски објаснува дека првичниот удар дошол од наглиот скок на цените на енергенсите и струјата на европските берзи, што директно се прелеало во домашната економија.

Но подоцна инфлацијата почнала да се одржува од домашни фактори, пред сè од силниот раст на платите и засилената побарувачка. Според Јовановски, токму во оваа фаза била потребна посилна реакција од монетарната политика за да се спречи создавање на инфлаторни очекувања и „лепливост“ на цените во економијата.

 

Целата анализа прочитајте ја на ЛИНКОТ

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано