Бизнис
Можност за грант до 15 % и бесплатна техничка поддршка
06.03.2026г
ЗЕЛЕНО И РАЗВОЈНО ВО ПЕЛАГОНИЈА И ЈУГОЗАПАДНИОТ РЕГИОН СО ПОДДРШКА НА ЕБОР И ФЧТ
📈🌱Дали планирате инвестиција во Пелагонискиот или Југозападниот регион?
♻️🔋 Дали разгледувате опции за зелена инвестиција во обновлива енергија или енергетска ефикасност?
🚀💡Или планирате инвестиција во друг развоен и иновативен проект?
✅ Сите претпријатија, ММСП и корпорации имаат можност да искористат грант до 15% од финансирањето, како и бесплатна техничка поддршка, финансирани од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Фондот за чиста технологија (ФЧТ) при Климатските инвестициски фондови (ЦИФ), за реализација на зелени и развојни проекти во Пелагонискиот или Југозападниот регион.
Повеќе информации ќе бидат презентирани на работилницата што ќе се одржи во Стопанската комора на Северна Македонија на 25 март.
Линк за регистрацијаhttps://lnkd.in/dxxHUSnB