Бизнис
СРБИЈА СО ЗГОЛЕМЕН БРОЈ СТРАНСКИ ТУРИСТИ, НАЈБРОЈНИ МАКЕДОНЦИТЕ, ПА РУСИТЕ
28.02.2026
Србија во јануари годинава ја посетиле 143.857 туристи од странство, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика, што е за 1,0 процент повеќе во однос на истиот месец минатата година.
Најмногу посети се регистрирани од Македонија со 19.759 туристи, по што следува Руската Федерација со 14.109 пристигнувања, а на третото место е Босна и Херцеговина со 12.414 посетители. Петцифрен број посети е регистриран и од Црна Гора - 11.777, како и од Турција - 11.056. Странците оствариле 480.996 ноќевања во јануари, што е за пет проценти повеќе во однос на пред една година, објавија медиумите во Србија.
Најпосетувани бањи во јануари биле Врњачка Бања, Врдник Бања, Сокобања, Буковичка Бања и Луковска Бања, а од планинските центри Златибор, Копаоник, Фрушка Гора, Дивчибаре и Тара.
Фото Економија и бизнис