Финансии / Банкарство
Норвешкиот инвестициски фонд оствари профит од 248 милијарди долари
28.02.2026
Норвешкиот државен инвестициски фонд минатата година оствари годишен профит од 248 милијарди долари, со принос од 15,1 процент, благодарение на растот на глобалните берзи.
До крајот на 2025 година, вкупната вредност на најголемиот фондот се зголеми на приближно 2.200 милијарди долари, во споредба со околу 2.080 милијарди долари една година претходно.
Портфолиото на фондот се состои од акции во технолошките компании и тие имаат најголем придонес, заедно со растот во финансискиот сектор.
Сепак, американските технолошки акции најмногу придонесоа за позитивниот принос, првенствено благодарение на најголемите технолошки компании.
Покрај акции, фондот инвестира и во обврзници, недвижности и инфраструктура за обновлива енергија.
Фондот, вреден повеќе од 2 трилиони долари, го управува Norges Bank Investment Management, кој инвестира вишок приходи од нафта и гас во име на норвешкиот народ. Основан во деведесеттите години, фондот денес има акции во повеќе од 7.200 компании во 60 земји и поседува околу 1,5 проценти од сите котирани акции во светот, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис