Бизнис

Во продавниците на Телеком нема да се врши продажба и наплата на 1 и 2 март

  • Се работи на надградба на систем за поефикасно опслужување на корисниците

Македонски Телеком ги известува корисниците дека на 1 и 2 март 2026 година (недела и понеделник) во продавниците на Телеком низ цела Македонија нема да може да се врши продажба и наплата, ниту да се активираат и деактивираат услуги и пакети.

Се работи на надградба на систем кој ќе го подобри оперативното работење за подобро корисничкото искуство. Сепак, вработените ќе бидат достапни за сите консултации поврзани со телекомуникациските услуги.

Дополнително, нема да бидат во функција ниту онлајн продавницата на Телеком, ниту мобилната апликација заради истата надградба. Од 3 март, вторник сите продажни канали ќе бидат повторно достапни.

Сите корисници кои ќе бидат во роаминг во овој период ќе може да активираат пакети за сурфање со повик на *140#. Припејд сметките ќе може да се надополнуваат во сите киосци.
Контакт центарот 122, ќе биде достапен за корисниците, освен за активирање и деактивирање пакети.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано